Со целовечерен концерт утревечер, сабота 8 април 2017 г. во ЦК,,Марко Цепенков,, од 19 часот, КУД„Мирче Ацев“ ќе одбележи 70 години од формирањето. Повторно на сцената ќе се одиграат најубавите македонските ора, преку кои е препознатиливо ова наше фолклорно друштво. Гостин на концертот е КУД „ Темпет“ од Макарска, Хрватска.
Седум децении КУД „Мирче Ацев” е македонски и прилепски фолклорен амбасадор, промовирајќи го во земјата и во странство македонскиот фолклор и традиција.
Почетоците се во април 1947 година. Во досегашното постоење илјадниците играорци, кои биле дел од друштвото дале преку 3500 концерти не само во Прилеп, Македонија, туку и во странство. Ансамблот, кој работи под раководство на Атанас Гагалески, гостувал речиси на сите континенти во светот, презентирајќи го македонскиот фолклор.
Друштвото има совоено значајни награди на реномирани фестивали, меѓу кои прва награда во Ланголен – Велика Британија, во Миделкерке – Белгија, Во Овиедо – Шшанија… КУД „Мирче Ацев“ го презентирал македонскиот фолклор во Полска, Мароко, Франција, Бугарија, Германија, Данска, Албанија, Турција, Хрватска, Србија…
За негувањето на македонскиот фолклор, добитник е и на третоноемвриското признание на градот.