Манастирот посветен на Св. Богородица – Пречиста, или попозната како Кичевска, е духовен извор и светилник на христијанската вера.
Глетката на манастирот го остава секој едeн без здив. Конаците заштитнички ја опкружуваат црквата, која е една од најголемите во земјава, а спокојната и хармонична атмосфера која се чувствува при влeзот во црковниот двор, убаво и внимателно уреден со зеленило и цвеќиња, за кои се грижат калуѓерките, кои тука го нашле својот духовен мир, ја надополнуваат убавината на овoj манастирcки комплекс.
Токму оваа глетка ги предизвика ФАН ПРОДУКЦИЈА – ОЛИВЕР, да ја направат репортажата, една од ретките, за ова духовно светилиште, која ќе ве остави без здив, а секој кажан збор, ќе се врежи во вашите срца.
За чудотворната икона на Пресвета Богородица
Во црквата се наоѓа извор со света вода, посветен на света Богородица, каде луѓето го бараат својот спас. Се вели дека кога и се обраќате со цврста молитва и искрена вера помага во исполнувањето на желбите и пронаоѓа лек за низа болecти.
Легендата за создавањето на манастиорт вели:
Мештаните од кичевско решиле да градат манастир лика и прилика на големите грандиозни архитектонски зданија во чест на Св. Богородица.
Локацијата на местото што ја избрале за да се гради манастирот била во близината на Кичево, односно на местото каде денес се наоѓа манастирот Св. Ѓорѓија.
Поставиле икона на светицата на местото и си заминале. Утредента иконата ја немало. Градителите помислиле дека некој ја украл, но веднаш разбрале дека иконата се наоѓа на друга блиска планина.
Пошле на тоа место и ја нашле иконата како е поставена на вода односно на извор. Си рекле дека треба да ја вратат без да знаат што се случило.