Железничките премини во населените места се едни од најцрните точки на патиштата. Често овие премини поради не постоењето на звучна и светлосна сигнализација се причина за несакани последици и загубени животи.
Ваков проблем постои низ целата држава, а апелите од локалното население многу ретко допираат до надлежните.
Фотографиите во прилог се од железничкиот премин во близина на населеното место Кадино Село во прилепско.
И тука, како и на други места, недостасува рампа и сета друга пропратна сигнализација.
Останува засега возачите целосно да внимаваат, затоа што со секое поминување нивниот живот е ставен на коцка.