Со Рено 4 поминаа 11.000 километри од Стојаково до Кина и го развиорија македонското знаме на Кинескиот ѕид (ФОТО)

Ѓорѓи Николов и Џоко Шуклев успешно ја завршија својата мисија и со нивното Рено 4 поминаа цели 11.000 километри од гевгелиско Стојаково до Кина.

На својот пат до Пекинг Ѓорѓи И Џоко имаа една голема пречка која ги затекна на границата помеѓу Монголија и Кина. Според кинеските закони тие мораа да ангажираат туристичка агенција и шофер, за да можат да продолжат да се движат со својот автомобил низ Кина.

Поради тоа решија автомобилот да го остават на аеродромот во главниот град на Монголија Улан Батор, а патот до Пекинг да го продолжат со авион.

Вчера тие беа пречекани од македонската амбасада во Пекинг, а денеска се искачија на Кинескиот ѕид и го развиорија македонското знаме.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.