Со предлогот на Мицкоски 30.000 вработени во образованието до повисоки плати

Над 19.500 наставници и стручни соработници во основното образование, 8.200 во средните училишта и над 5.300 негователки и воспитувачки од детските градинки ќе добијат усогласување на платите односно порамнување на коефициентот и бодот согласно пропишаното во колективниот договор кој што Синдикатот го има потпишано со Министерството за образование и наука, доколу се прифати предлог амандманот поднесен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за измени на Законот за минимална плата кој вчера го најави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски на презентација објаснувајќи детално рече дека со овој предлог закон и со почитување на Колективните договори кои се на сила ќе се овозможи покачување на платите во јавниот сектор, барајќи усогласување на коефициетот на сложеноста на работната сила.

Имено, доколку се прифати предлог амандманот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш платите не само на наставниците, професорите и негователките од детските градинки, туку и на административно техничкиот персонал ангажиран во овие установи ќе се зголемува.

-Бараме износот на коефициентите и вредноста на бодот на колективните договори на сите нивоа и во сите области да се усогласи со порастот на минималната плата при што скалесто се зголемуваат платите, каде основната вредност на најнискиот коефициент и бод се изедначува со износот на минималната плата, вели Мицкоски.

Според она што беше објавено, ако до сега вработено лице во детска градинка на позицијата перачка – пеглачка садомијач-сервирка, помошник во кујна со 269 бодови се изедначи со износот на коефициентот, минималната плата од 15.067 денари сега, со измените во законот ќе зема 18.694 денари или тоа значи над 24 проценти покачување. Ракувач на парни котли, ложач на парни котли со бодови од 273 и моментална нето плата од 15.279 денари би земале 18.972 денари.

Понатаму, изедначување би имало во целокупниот персонал во градинките, но најмногу кај негователките и воспитувачките каде што ако сегашната минимална нето плата изнесува 18.821 денар или 24.902 денари за воспитувач, со усвојување на овој амандман истатак ќе порасне од над 25 проценти, односно над 26 проценти во зависност од бодовите, или во предвод ова би значело дека платата на негователките ќе порасне на 23.629 денари, или 31.621 денар за воспитувач.

Во основното образование каде што според статистиките има некаде над 18.000 просветни работници, со овој предлог амандман на измени на законот за минимална плата од ВМРО-ДПМНЕ, сегашната минимална нето плата би се искачила за над 81 процент, или еден наставник со бод од 2.503 согласно сложеноста на работни обврски од 24.782 денари би земале нето плата 45.054 денари.

Согласно сложеноста на работната сила и другиот персонал како општ работник, хигиеничар, чувар, перачка, сервирка, садомијач, ложач, ракувач на парни котли, економ-домаќин, готвач, хауз мајстор, возач, благајник, технички секретар, како и наставник приправник.

Додека пак во средното образование професор со бод 2.533 согласно сложеноста на работните обврски од сегашната минимална нето плата од 25.838 денари би пораснала за 76.46 проценти или тоа би значело над 19.756 денари повеќе од сега, односно еден професор ќе зема 45.594 денари.

И тука покачување пресметано согласно коефицинетот на сложеност на работната сила ќе има и за другиот персонал вработен во јавниот сектор, па така професор приправник со 2.319 бодови и моментална нето плата од 23.726 денари би земал 41.742 денари односно истата би се искачила за над 75.93 проценти.

Ова не е прво вакво барање од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски за тој уште во 2019тата година оцени дека власта не го почитува Колективниот договор и усогласување на коефицинетот и бодовите, барајќи платата на наставниците и професорите да е во согласност со законот и истата со тогашната минимална плата да изнесува 36.700 денари.

Мицкоски вчера од партиската говорница побара поддршка од сите парламентарни партии во македонското собрани, синдикатот, работниците и јавноста, потенцирајќи дека не е важно на чиј предлог доаѓа ова, туку дека платите навистина треба да се покачат.

-Ова е во суштина предлогот на амандманот кој што денеска пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го достави и очекуваме од страна на владата, од страна на парламентарните партии истиот амандман да биде прифатен затоа што секој заслужува подобро да живее и без разлика на тоа во кој дел на администрацијата имаме вработен, државата, владата треба да покажат одговорност и сериозност и да ги усогласат преку личен пример овие коефициенти, односно примањата на вработените во државната и јавна администрација.
За ова наше барање, бараме поддршка и од работниците, синдикатите и од пошироката јавност. Не важно по чиј предлог ќе се добијат повисоки плати, туку тие навистина да се покачат, истакна Мицкоски.

Додека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски на секој начин се борат да се дојде до решение каде што конечно просветните работници би го добиле она што им следува согласно законските прописи и колективниот договор, од владејачката СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски нема никаков одговор дали би го прифатиле предлогот од страна на опозицијата.

И претседателот на СОНК Јаким Неделковски по соопштување на одлуката дека е постигнат договор помеѓу Владата, организацијата на работодавчи и ССМ за покачување на минималната плата на 18.000 денари во приватниот сектор, реагираше објавувајќи дека платите во јавниот сектор се катастрофални, но и дека доколку нема отпочнување на преговори за усогласување на платите со колективните договори тогаш ќе донесат одлука за најрадикални легални и легитимни синдикални активности се со цел одбрана на сопствените социјални интереси, а во согласно со постоечките закони.

Последниве 14 часа бројни се коментарите во однос на изедначување на платите на голем број работни места во иста дејност, со различна сложеност на работата, со различни бодови или коефициенти. Класична “урамниловка”. Во градинките, дури десет групи на различни работни места, со различни бодови, ќе земаат иста плата. Во основното и средно образование “само” пет групи на работни места со различни коефициенти ќе земаат иста плата, односно 18.000 денари. Ова е класичен пример на урнисување на платниот систем, непочитување на законите, колективните договори и меѓународните конвенции кои го третираат овој проблем.

За волја на вистината, на синоќешната средба не беше негирано дека ќе има зголемување на платите и на другите работни места во различни дејности (образование, детски градинки, администрација, здравство итн.), но тоа треба дополнително да биде ставено на дневен ред на Економско – Социјалниот Совет (ЕСС) и да се преговара и договара…..

СОНК и КСС се единствени во ставовите, кои беа и јавно презентирани пред членовите на ЕСС, дека доколку веднаш не почнат преговорите за усогласување на платите со колективните договори, во тој случај органите на одлучување на овие организации ќе донесат одлуки за најрадикални легални и легитимни синдикални активности, во одбрана на сопствените социјални интереси, а во согласност со постоечките закон, напиша Недлековски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.