Со овие влошки ќе кажете збогум на сандалките – со нив можете да одите боси каде и да сакате, па дури и по камења (ВИДЕО)

Дали некогаш сте посакале во врелите летни денови да одете боси по плажа, а притоа да не ви смета жешкиот песок или слободно да трчате околу базенот и притоа да не се лизгате?

Иако сеуште се работи за прототип, овој призводител ги смислил “Нејкфит” самолепливите влошки за стапала, кои на корисниците им овозможуваат да се движат потполно боси по различни површини.

 

Овие влошки се хипоалергенски, водоотпорни и не се лизгаат, а притоа кожата на стапалата не трпи никакво оштетување.

Многу лесно се клаваат, слично на ханзапласт, а исто така и лесно се отстрануваат. На крајот од употребата доволно е само да ги одлепите.

Ги има во црна, сина и розева боја.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.