Со новиот 3акон печатените учебници заминуваат во историјата

Со новиот Закон за првпат се предвидуваат инклузивни учебници, уверува министерката Мила Царовска во интерјуто за Сител, појаснувајќи дека тие ќе бидат достапни во аудио формат и отпечатени на браево писмо.

Во однос за оние деца кои немаат можности за да учат од дигитални учебници, Царовска вели дека училиштата ќе бидат обврзани за тие деца да ги испечатат учебниците.

-Ние сме во процес на транзиција и осовременување на образованието. Затоа и Законот го зема тоа предвид и вели: „Секаде каде имаме можност користиме дигитални учебници, за учениците кои што немаат уреди, училиштето има обврска да ги испечати учебниците и да им ги даде“. Затоа што сега веќе не се заштитени авторските права па да мора од купен учебник да учите. Го добивате учебникот во електронска верзија, но тој може во училиштето да биде испечатен и да биде дистрибуиран до учениците и родители коишто имаат потреба од тоа, рече Царовска.

Појасни дека и во Законот е предвидено за сите оние деца кои немаат електронски уреди, училиштето да обезбеди таблети на кои што ќе бидат поставени учебниците за користење. Но, како што објасни Царовска, тие ќе треба потоа да се префрлат и на други ученици од другите учебни години.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.