Со најновата изјава Путин ги запрепасти останатите земји: “Она што сега го имаме ги надминува сите останати во моќност, новото оружје е на пат” (ВИДЕО)

Најновите примероци на вооружување кои ќе бидат предадени на користење на руската армија после реализацијата на државната програма, ги надминуваат останатите држави, но веќе денеска треба да мислиме за создавање на нови видови наоружување, изјавил во средата рускиот претседател Владимир Путин.

Тој прецизирал дека се работи за ракетниот комплекс наречен “сармат”, ловците од петтата генерација Су-57, тенкот на боева платформа “армата”, ракетниот систем S-500 и подморницата од проектот 677.

“Важно, клучно прашање за нас е утврдувањето на новата унапредена државна пограма на наоружување. Кон реализацијата на актуелната програма, која е планирана до 2027 година, пристапивме оваа година. Со неа се предвидени современи тенденции на развој на наоружувањето и воената техника во светот, како и на искуството на борбената употреба на руското наоружување во Сирија”, рекол Путин на заседанието на военоиндустриската комисија.

Путин додал дека важно е веќе сега да се планира изградба на унапредени примероци на оружје за иднината, кои долгорочно ќе ја утврдат силата на руската војска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.