Денес во просториите на социјалниот клуб на Центарот за подршка на лица со интелектуална попреченост “Порака”-Прилеп, по повод 2-ри Април-“Светскиот ден на лицата со aутизам”, a во соработка со ООУ „Круме Волнароски” oд населеното место Тополчани, се реализираше културно-уметничка програма со учениците од прво до петто одделение од ПОУ „Круме Волнароски” во населеното место Галичани.
“Се собравме по повод одбележувањето на “Светскиот ден на лицата со aутизам” да изразиме поддршка на овие лица. Благодариме за соработката со ООУ „Круме Волнароски”, се надеваме на идна соработка како со ова училиште, така и со останатите училишта во општинава и регионот”, вели претседателката ЦПЛИП “Порака”, Емилија Котеска.
“Корисниците беа задоволни можеше да ја забележиме насмевката на нивните лица. Учениците со задоволство прифатија соработка. Се надеваме дека ќе имаме и понатамошна соработка”, рече Каролина Подигачоска, наставник во ООУ “КРУМЕ ВОЛНАРОСКИ”.