Maтурантите ширум Македонија овие денови го прославуваат завршувањето на четиригодишното средно образование и ги исполнија плоштадите во сите градови.
Се веселат со македонска песна, играат оро, а на социјалните мрежи се проширија и фотографии на кои голем број од нив прославуваат под знамето со сонцето од Кутлеш.
Во Прилеп, Охрид, Струга, Штип… знаменосци гордо го вееја ова македонско знаме, а за тоа добија илјадници пофалби од повозрасните.