Синоќа околу 21.50 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, кај м.в.„Грамаѓе“, загина жител на Крива Паланка.
И.Н. (36), управувајќи „опел астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, излетал од патот и починал на местото на настанот.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на полициската станица Крива Паланка. од 22.50 до 00.45 часот сообраќајот бил во прекин во двата правци.