СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВРИЈАТ! Прилепчани бараат институциите да реагираат и да го казнат сторителот на ова дело (ФОТО)

Грозниот чин со бојадисување на кучиња скитници ги згрози прилепчани, а нивните реакции по социјалните мрежи се гласни. Се бара заштита на животните и казна за сторителот на делото.

Имено, вчера во центарот на Прилеп поради непознати причини, едно лице чиј идентитет е непознат на јавноста, бојадисуваше и малтретираше куче скитник, и сето тоа пред очите на голем број минувачи низ градскиот плоштад.

Ваквото грозно дело, предизвика лавина реакции по социјалните мрежи од љубителите на животни во Прилеп, кои како што велат, сторителот неколку пати бил пријавуван во полиција и во општината, а досега изостанала било каква реакција.

ГРОЗЕН ЧИН ВО ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП: Пред очите на сите минувачи бојадисувал и се изживувал со куче скитник – општината и полицијата не реагираат?! (ФОТО+ВИДЕО)

КОЈ ИМА ТОЛКУ КАМЕНО СРЦЕ ВО ПРИЛЕП? Како може некој вака сурово и нечовечки да се изживува со животни? (ФОТО)

ХОРОР ВО ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП: Среде бел ден крвнички тепал кучиња и држел нож во раката (ФОТО)

Исто вакво дело неодамна беше забележано кога во жолта боја беше бојадисано маче, а во февруари годинава на истата локација беше бојадисано друго куче.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.