Подружницата на „Македонија пат“ во Прилеп, денеска информираше за непречено одвивање на сообраќајот, сообраќајот се одвива тековно по влажни коловози, во зимски услови.
„Неносењето на незимска опрема, неупотребата на зимски гуми го праваат најголемиот метеж и застој во сообраќајот. За овие неколку дена потрошени се 300 метри кубни аброзивен материјал, залиха имаме, а во текот на денешниот ден очекуваме и дотур од истиот“, посочи во својата изјава Гоце Стефаноски раководител на подружницата „Македонија пат“ во Прилеп.
Според градоначалникот Марјан Ристески, локалната самоуправа навремено реагира на овогодишниот снег и поларните температури:
„Се чистат сите главни, фреквентни улици во градот, пешачките патеки, денеска и утре ЈКП „Комуналец“ ќе се погрижи за централното градско подрачје и сите населени места да бидат достапни и проодни. Би ги повикал сите граѓани да ја исчистат снежната маса пред своите домови, а возачите да користат комплетна зимска опрема„.
Бранко Нешкоски директор на ЈП за ПУП посочи дека досега се потрошени 400 метри кубни ризла и 130 тони сол, сообраќајот функционира во градот како и во населените места.
„Во населените места се проодни патиштата во Тројачкиот регион, прооден е патот Кнатларци, Подмол – Ерековци, Селце, Ореовец, па се до Крстец, н.м Старо и Ново Лагово, Беровци … во моментот се пуштаат екипите во мариовскиот регион, но теренот е прооден“, посочи Нешкоски во својата изјава.
Институциите упатија апел до сите учесници во сообраќајот да внимаваат на патната сигнализација и на условите за патот.