Сорос си оди и од Турција: Ердоган го обвини дека сака да ја дестабилизира државата

Фондацијата за отворено општество на американскиот мултимилијардер Џорџ Сорос се повлекува од Турција, само неколку дена откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го обвини милијардерот дека се обидува да му ја дестабилизира државата.

Фондацијата соопштила дека обвинувањата на Ердоган се “неосновани” и дека поради нив веќе не можат да работат во Турција, пренесува “Ројтерс”.

Директорот на турскиот отсек на соросовата фондација, Осман Кавал бил помеѓу 13 активисти уапсени овој месец под обвинение дека поддржувале масовни антивладини протести во 2013 година.

Ердоган го обвинил Кавал дека ги финансирал протестите, а дека зад него стои Сорос, додаваат од “Ројтерс”.

“Фамозниот унгарски Евреин Сорос стои зад Кавал. Овој човек има многу пари кои ги користи за растурање на земјите”, рекол Ердоган.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.