Милијардерот Марк Закерберг гради голем комплекс на Хаваи кој би требало да служи како засолниште во случај на апокалипса.
Комплексот има подземен бункер и сопствени извори на храна и енергија. Вредноста на целиот проект е 100 милиони долари, а американските медиуми наведуваат дека станува збор за тајно засолниште на милијардерот.
Комплексот на основачот на Facebook, наречен Koolau Ranch, е веќе делумно изграден и веројатно ќе биде еден од најскапите лични градежни проекти во светот. Комплексот на островот Кауаи ќе се состои од повеќе од десет згради со две централни вили кои ќе бидат поврзани со тунел кој води до подземно засолниште од речиси 500 квадратни метри со отвор за бегство. Имотот ќе има најмалку 30 спални соби и 30 бањи, како и куќи за гости и кластер од 11 куќички на дрво во форма на диск поврзани со мостови од јаже.