Непрописно паркиран автомобил “Majбах” кој тежи речиси три тони очигледно бил преголем залак за комуналците во Виена. Автомобилот кој е долг 6 метри и тежок 2.800 килограми сигурно е над сите стандарди на пајакот.
На тоа очигледно бил свесен и сопственикот кој ова “чудовиште” непрописно го паркирал. Комуналците добро се намачиле во обидот да го натоварат автомобилот на камион, но залудно.