Од средината на 2019 до 2021 година, брачна двојка живеела удобно со своето куче во хотел со пет ѕвезди во Германија, поточно во Визбаден, но потполно бесплатно!
Брачните другари воопшто не ги платиле трошоците за сместувње. За работите да бидат побизарни, нивната измама била откриена сосема случајно.
Сега 60-годишниот сопруг мора да одговара пред Окружниот суд во Визбаден за сериозна измама. Трошоците за сместување изнесуваат вкупно 140.000 евра. Човекот ги платил првите сметки од околу 5.600 евра, по што ги оставил отворени сите други сметки, пишува dnevnik.hr.
Според истражувањето на SWR, вработен во хотелот кажал дека долгогодишниот гостин често се жалел на разни недостатоци.
Наводно, „во неговата соба имало стаорци, ѕидовите биле нечисти“, а сопругата, како што велат, „пронашла црв во салатата“.
Освен тоа, обвинетиот тврдел дека боледувал од рак и се лекувал во Визбаден.