Пеги Харис од Вернона во Тексас (САД), се омажила за своето момче Били далечната 1944 година. Уживале во бракот само 6 недели, а Били тогаш бил регрутиран како пилот во бвојската и бил испратен во Европа, за да се бори во Нормандија.
Пеги никогаш не добила телеграма, никогаш никој не и затропал на врата, не ја повикал на телефон, или на било кој начин не и објаснил што се случило со нејзиниот сопруг. И така цели 68 години.
“Били и јас бевме венчани само 6 недели, но јас одлучив тоа да биде цел живот”, вели Пеги.
Замина кога го повикаа на 17 јули 1944 година и никогаш не се врати. Прво се водел како исчезнат, а потоа и рекле дека е жив и дека се враќа дома. Потоа неговата сопруга добила писмо дека е убиен и погребан. Веднаш потоа ново писмо во кое пишувало дека е погребан на други гробишта. Само кратко време после последното писмо Пеги била известена дека можеби воопшто тоа не се неговите остатоци во гробот.
Месеците поминувале, а потоа се претвориле во години и децении..
“Им пишував на сите и прашував за било каква информација за мојот сопруг. Последен пат му пишав на конгресменот во 2005 година. Добив одговор дека и понатаму се води како исчезнат”, се присетува Пеги.
Најпосле во војничката евиденција нивни роднина конечно го пронашол! Неколку војници кои се воделе како исчезнати биле погребани во Франција, во Нормандија.
Пеги сега 10 пати годишно праќа цвеќе на неговиот гроб.
После 6 недели кои ги поминале во брак и дури 68 години разделени, времето кое може да го помине на неговиот гроб, Пеги вели дека е драгоцено.
Меѓутоа, вистинското изненадување не следувало кога дознала дека починал, тоа го очекувала, но не и она што го дознала подоцна…
Во малото нормандиско село Ла Вант постои улица посветена на Били Харис, каде три пати годишно се организира марш во негова чест и тоа во последните 60 години.
Неговиот авион се срушил покрај ова место, а тој успеал да одржва контрола доволно да не го погоди селото и така да избегне цивилни жртви.
Неговото тело е префрлено во американски гробишта, а жителите и понатаму носат цвеќе, благодарни на херојското дело кое го направил за нив.