Соопштение од прилепските црковни храмови до верниците за престојниот празник Св. Фануриј

РАСПОРЕД на богослужбите по повод празникот Св. Фануриј во црковните храмови: Свети Кирил и Методиј Параклис и Света Петка Точила

08 септември (петок) – 🕔17:00 часот – Празнична вечерна
09 септември (сабота) – 🕖 07:00 часот – Празнична утрена со Света Литургија
09 септември (сабота) – 🕔17:00 часот – Вечерна богослужба

* после завршување на службите ќе се изврши и режењето на празничниот колач – фануропита, кој во негова чест го принесуваат верниците.

Во Свето Благовештение (Стара Црква) колаците (фануриите) ќе се прережуваат:

На вечерна Богослужба во петок и сабота (08ми и 09ти), од 16. 00до 17.30 часот и

на утринска со литургија во сабота (09ти), од 07.30 до 09.30 часот.

Во Свето Преображение (Грчка Црква), после Богослужбите.

ДА СЕ ПОМОЛИМЕ ЗА МАЈКАТА НА СВЕТИ ФАНУРИЈ, ТА И ТОЈ ДА БИДЕ НАШ МОЛИТЕЛ ЗА НАШИТЕ ПОТРЕБИ ПРЕД БОГА.

Според преданието, мајката на свети Фануриј била блудница и свети Фануриј им ветил на сите дека ќе им помага во неволјите на сите оние кои ќе се помолат за душата на неговата покојна мајка.

Од овој настан особено се развива и култот на светителот, па така сите православни христијани подготвуваат колач – фануропита, која ја посветуваат во негова чест.

Фануропитата се носи во црква, каде што свештеникот ја благословува со одредени молитви за тоа. После добиениот благослов, додека јадиме од неа, се молиме за мајката на светиот Фануриј, но исто така и за онаа наша духовна и телесна поткрепа за која и сме ја посветиле. Амин.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.