Соопштение од општина Прилеп за дојавите за поставени бомби во три основни училишта

Соопштение од општина Прилеп за дојавите за поставени бомби во три основни училишта

Соопштението во целост го пренесуваме во продолжение:

-Денес добивме информација за дојави за поставени бомби во основните училишта: „Блаже Конески“, „Добре Јованоски“ и „Гоце Делчев“.

Веднаш после добиените информации за поставени бомби во овие основни училишта во општина Прилеп, воспоставивме комуникација со директорите на основните училишта, а бевме исто така известени и од ТППЕ Прилеп и Дирекцијата за заштита и спасување.

Благодарение на брзото постапување на сите вклучени фактори, учениците, наставниот кадар и другите вработени во училиштата веднаш се евакуирани на безбедно, а наставата за денешниот ден е прекината.

Во меѓувреме, исто така добивме информација дека од страна на полицијата се превземаат потребните мерки за проверка на дојавите за поставени бомби.

Како градоначалник на општина Прилеп, апелирам на смиреност и почитување на сите пропишани правила и прописи за постапување во вакви случаи.

Безбедноста на нашите сограѓани е на прво место, остануваме во контакт и во координација со сите надлежни институции се до целосно расчистување за веродостојноста на дојавите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.