СОНК: Штpajкот пpoдолжyва, наставниците, професорите и вработените во градинките не отстапуваат од барањата

Штрајкот продолжува, соопшти Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).

И покрај апелите на министрите за образование и за труд и социјална политика, штрајкот на наставниците и на вработените во предучилишните установи ќе продолжи и неделава.

Понудата на Владата е зголемување на платите за 10 %, по ребалансот на Буџетот кој би бил во мај или јуни.

Од синдикатот велат дека понудата е дадена усно, а не писмено и дека членството останува на тоа дека штрајкот треба да продолжи се до прифаќање на нивните барања за зголемување на платите од 18,4 отсто.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, со објава на Фејсбук ги повика наставниците во основните и средните училишта да го продолжат образовниот процес бидејќи тоа е од најдобар интерес на децата.

„Децата треба да ни е на прво место, затоа што правото на образование на секое дете е уставно загарантирано право. Губењето на настава во услови како оваа пандемија, кога владата и Министерството за образование и наука направи максимални напори да го нормализира образовниот процес, не оди во прилог никому, најмалку на учениците”, напиша Шаќири.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.