Вардарки не успеаа да му се одмаздат на Ѓер и оваа година во финалето на Лигата на шампиони и одново се поразени во најважниот меч за сите нив.
Во драматични 60 минути плус продолжение, црвено-црните девојки се бореа посветено со силното темпо и жестокиот притисок на арената во Будимпешта.
Сепак на крајот вардарки беа поразени со 27:26, а Македонија ќе жали што оваа генерација после овој натпревар се разидува и којзнае кога одново ќе се повтори.
На крајот од мечот нашите девојки беа целосно скршени, а нивните солзи не болат сите нас.