На вечерашната трибина на во паркот на “Могилата на непобедените”, ВМРО-ДПМНЕ го промовираше својот кандидат за градоначалник на општина Прилеп.
Градоначалничката трка ќе ја трча Д-р Борче Јовчески, познат ортопед и миленик на прилепчани.
Д-р Јовчески е актуелен советник во Советот на општина Прилеп, а во трката за прв човек на општината влегува како апсолутен фаворит.
Во прилог му оди блискоста со граѓаните, високиот морал и етичност, трудољубивоста и вложеноста во професијата која ја работи, а пред се’ чистото лице со кое влегува во политичката трка.
Јовчески прилепчани нескромно го гледаат како дијамант, човек од кој се очекува да го исправи градот на здрави нозе и да ја пренесе неговата работливост и посветеност и во општинската администрација.
Засега не е познат неговиот противник од владеачката СДСМ, каде копјата ги кршат актуелниот градоначалник Илија Јованоски и екс министерот за транспорт и врски, Горан СУгарески.