Српскиот клуб Дубочица е победник на седмиот Меморијален ракометен турнир „Миле Нешковски“ во Прилеп. Во финалето тимот од Лесковац со 36:24 беше подобар од домашниот Прилеп.
На турнирот во Прилеп овие два дена покрај домаќините и тимот од Србија, гостуваа и РК Паок, РК Мулти Есенс, РК Струга и РК Скопје.
Доделувањето на наградите од турнирот одеше во живо на јутјуб каналот од РК Прилеп каде за најдобар голман на турнирот бепе прогласен Ѓорѓи Ерманоски од Мулти eсенс, најдобар стрелец со 25 гола е Давор Шокоски од РК Прилеп, а за најдобар играч беше избран Марко Радуловиќ од Дубочица.
Секоја чест за организаторит и се надеваме дека овој турнир во иднина ќе предизвикува уште поголемо внимание и ќе има уште повеќе заинтересирани екипи од странство.