Совет на млади на Општина Велес ги започна своите први активности на меѓународен план

12837702_10206160545867776_844485142_o

Во периодот од 04.03-06.03.2016 година, делегација на Совет на млади и Општина Велес по покана на Младинска иницијатива „сакам-можам“ беа во посета на Долни Милановац Р.Србија. Целта на оваа средба беше одблиску да ги запознаеме со она што Советот на млади го прави во Општина Велес, а дополнително да се запознаеме со начинот на кои фунционира младинската иницијатива „сакам-можам“.

Заедно ги разгледавме можностите за идна соработка како партнери и можностите за спроведување на нови проекти и аплицирање на различни програми кои ја подржуваат младинската активност.

Во иднина очекуваме да пристигне делегација од Долни Милановац и младинската иницијатива „сакам-можам“ за потпишување на меморандум за соработка помеѓу Совет на млади и младинската иницијатива „сакам-можам“ кој би бил темел на понатамошната соработка.

Младинската иницијатива од Долни Милановац подолг период остварува соработка со Студентскиот Парламент при ТТФ Велес, а во моментот овие две организации работат на подготовка на првите партнерски проекти.

Студентскиот Парламент при ТТФ Велес исто така остварува значајна соработка со Советот на млади на општина Велес и се надеваме дека Советот и понатаму ќе продолжи да реализира активности за доброто на младите во општина Велес.

Маркукуле.мк и во иднина ќе продолжи да Ве информира за сите новости и информации поврзани со проектите кои што се во интерес на младите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.