65та Седница на Советот на Општина Прилеп
☝️Денешниот изгласан Ребаланс за општина Прилеп носи нови проекти:
✅ Реконструкција на дел од плоштад Методија Андонов-Ченто (пред хотел Скопје) и поставување на урбана опрема
✅ Изградба на мост на ул. Победа над река Оревоечка
✅ Реконструкција на ул. Орде Чопела – влез на градот од Македонски Брод
✅ Комплетна реконструкција, вклучително со електротехника, на улицата Трајко Николоски
✅ Изградба на ново детско игралиште во центарот на градот (позади Участакот)
✅ Изградба на ново детско игралиште на улицата Борка Спиркоски во населбата Типски
✅ Изградба на водоснабдителен систем во село Лениште
✅ Реконструкција на главен потисен цевковод за водоснабдување на Индустриската зона и комплексот на Манастирот Св. Димитрија во село Селце
✅ Изградба на фотонапонска централа која се поставува на објекти (на Пречистителната станица)
✅ Интеграција на дистрибуирани локации од водоснабдителен систем на град Прилеп во постоечки SCADA систем и интеграција со ГИС систем
✅ Проект за промена на водоводна мрежа од јазол на Бул. “Гоце Делчев” со улица “Кузман Јосифоски” (бр. 1-55) до јазол на улица “Кузман Јосифоски” со ул. “Ленин” (бр. 1-72) – фаза Хидротехника
✅ Реконструкција на фасада на ООУ Рампо Левката
✅ Поставување на 21 полуподземни контејнери
✅ Реконструкција на систем за мониторинг и управување на ПСОВ во Прилеп
Изминатиот период, Локалната самоуправа на Општина Прилеп работеше со максимална посветеност на подготовка и апликација на овие проекти, со цел да реализираме што повеќе значајни инфраструктурни зафати и да ги решиме приоритетните прашања од интерес за граѓаните, благодарение на поддршката од Владата на Република Македонија.
Предлог-Измена и дополнување на Буџет на Општина Прилеп за 2025 година, планот за измена и дополнување на планoт на развојни програми на Општина Прилеп за 2025-2027 година и предлог-кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Прилеп, за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2025 година до 30.06.2025 година, денеска се најдоа пред советниците и беа усвоени со мнозинство гласови.
Советниците дадоа согласност за предавање на трајно користење на 8 прочистувачи на воздух на основните и средните општински училишта и градинките во општина Прилеп и согласност за преместување на спомен обележје во Прилеп.
Советниците го разгледаа и усвоија извештајот за превземените мерки и активност за првото полугодие од 2025 година, за подрачјето на ОВР Прилеп.
На седницата беа усвоени и годишните извештаи за работа на: ООУ „Страшо Пинџур“- с.Мало Коњари, Прилеп, за учебната 2024/2025 година и годишната Програма за работа за учебната 2025/2026, годишниот извештај за работа на ООУ „Круме Волнароски“- с.Тополчани, Прилеп за учебната 2024/2025 година, како и годишната програма за работа на ООУ „Круме Волнароски“-с. Тополчани, Прилеп, за учебната 2025/2026 година.
На Седницата беа разгледани и усвоени предлог програмата за измена и дополнување на програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Прилеп за 2025 и предлог-локалниот план за енергија и клима на Општина Прилеп за период 2023-2027 и збирниот извештај за проценетата штета во населените места Кадино село, Мало Коњари, Големо Коњари, Галичани и Алинци во oпштина Прилеп, од невремето на ден 27.06.2025 година.
Позитивно мислење советниците дадоа и по решението за предлог-член во УО во ЈУМЦСР Прилеп, за кофинансирање на проектот за ‘’Уредување на сала за музички проби за млади таленти’’ и за Програмата, насловена „За младите се работи: време е за структурна поддршка на нивната иднина“.
Советниците ја усвоија и одлуката за бесплатен градски превоз на 18 септември 2025 година (четврток) во рамки на одбележувањето на неделата на урбана мобилност, за уредување на општински линиски превоз за подрачјето на Општина Прилеп и согласност за определување на тарифа за општински линиски превоз за подрачјето на Општина Прилеп.
Поради лошата состојба во моментов во ФК Победа, пред почетокот на Седницата, беше доставено и барање од ФК Победа АД – Прилеп, за финансиска поддршка од Општината за понатамошно функционирање на клубот за непречено натпреварување и функционирање на младинските школи. Поради итноста, барањето беше разгледано од Комисијата за финансирање и Буџет и беше донесена одлука за дополнителни 1.000.000 денари поддршка кон ФК Победа.