Советникот на Заев од Прилеп се пофали на Фејсбук: Парите кај граѓаните – исполнето!

Извесно е дека до крајот на мандатот ќе бидат исполнети целите и од останатите столбови на програмата, како што се минимална плата од 16.000 денари – напиша Марјан Забрчанец на својот ФБ профил.

Марјан Забрчанец кој е посебен советник на премиерот за односи со јавноста, на социјалните мрежи сподели статус во кој вели дека „На повеќе од година дена до истекот на мандатот, еден од петте носечки столбови на програмата на СДСМ од 2016 година, “За живот во Македонија”, е целосно исполнет“.

-Парите кај граѓаните – исполнето!

На повеќе од година дена до истекот на мандатот, еден од петте носечки столбови на програмата на СДСМ од 2016 година, “За живот во Македонија”, е целосно исполнет.

Дополнително, социјалната помош е покачена за 300%, земјоделците точат нафта поевтина за 30%, ДДВ-то за парно се намали од 18% на 5% и следуваат субвенции за бесплатни инвертери за еколошко греење во домаќинствата. Сѐ ова е насочување на парите кај граѓаните, за семејствата да имаат поголем буџет, пишува Марјан Забрчанец.

Извесно е дека до крајот на мандатот ќе бидат исполнети целите и од останатите столбови на програмата, како што се минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, доволно лекови за сите во секое време, дигитални услуги, бесплатни обуки за преквалификација на работната сила, и се разбира, судство ослободено од партиски притисоци, судство кое гони и покрева одговорност за секого, тврди Забрчанец!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.