Во организација на родители од Прилеп по иницијатива на Катерина Ивановска Вангелова денеска во големата сала ЦК „Марко Цепенков се одржа предавање на тема „Совети за правилен раст и развој на децата“.
Зошто е неопходно децата правилно да дишат и правилно да вежбаат?! Како да се контролираат мислите и чувства? Кои се факторите на детското здравје?! Како децата се дебелеат и како вишокот на мрсна храна го пореметува детскиот метаболизам?! Што е емоционална интелигенција и како таа помага да се развие самодисциплината, одговорноста и концентрацијата кај децата и како практикувањето јога помага во правилниот раст и развој на децата?!
На овие и други теми пред голем број присутните слушатели говореа неколку еминентни лекари, професори и доктори на наука од Р.Македонија.
Д-р Благоја Ѓорѓиески , специјалист физијатар, професор по јога и претседател на Јога Сојузот на Република Македонија ја истака „Неопходноста од прилагодување во денешницата за доброто здравје на децата од најмала возраст“.
Магистер, д-р Албена Манева Крстевска од Скопје, специјалист ортопед, дипломиран хомеопат, практичар за биорезонантна дијагностика и терапија говреше на тема
„Вибрациите или резонанцијата како основен физички концепт во настанувањето и лекувањето на акутните и хронични заболувања кај децата“.
Д-р Александар Митов од Скопје, магистер по здравствена екологија и влијанија на животната средина врз здравјето, главен стручен консултант и иницијатор на кампањата на Владата на Р. Македонија насловена „Здравјето е избор“ говореше за „Прекумерната тежина кај децата и последиците по здравјето“.
Д-р Жарко Костиќ од Скопје, пред присутните ја потенцира темата „Како да ја разбудиме и одржиме генијалноста кај секој од нас“.
Нела Јолеска од Скопје, меѓународно сертифициран тренер и тренер на тренери за развој на емоционалната интелигенција, како и директор на ЕQ Excellence, пред пристуните говореше „Како со критичкото размислување и креативноста можеме да ги развиваме талентите и емоционалната интелигенција кај децата“.
Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески кој присуствуваше на оваа интересна трибина за правилен развој на децата нагласи дека е ова ретка можност за добивање на многу искрени совети и нови научни сознанија од искуството на еминетни докторите и предавачите, кои за првпат можат да се слушнат за доброто и правилниот развој на нашите деца.