Маркукуле дознава дека вчера во атарот на село Рилево, општина Долнени, повозрасен маж бил нападнат од мечка околку 10 часот додека собирал печурки.
Од нападот човекот се здобил со тешки повреди, а откако бил забележан од ловџии, бил пренесен во прилепската болница, а поради сериозноста на повредите потоа бил транспортиран во клиниките во Скопје.
Според жителите од населените места во Прилепскиот регион, вклучувајќи ги општините Долнени и Кривогаштани, појавата на мечки e се почеста, па се стравува дека ваквите напади би можеле да зачестат.

























