– Времето утре претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а во западните делови засилен југозападен ветер. Попладне ќе има зголемување на облачноста почнувајќи од западните делови каде и ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Утринската температура ќе се движи од нула до пет, а дневната од 11 до 18 степени.
Во сабота врнежите од дожд ќе продолжат и локално се очекува да наврнат над 20 л/м2. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Од недела следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со пониски утрински температури.