Португалската крстарица која се наоѓа во семејството на медузите, во голем број се појавува на италијанскиот брег на Јадранско море, меѓу градовите Пескара и Бари.
Ова суштество е смртоносно, а поради изгледот го привлекува вниманието на луѓето, особено на децата.
“Живее на површината на морето и достигнува големина од 28 до 30 центиметри. Со еден допир може да предизвика страшна болка, а може да доведе и до срцев удар и смрт”, пишуваат хрватските мидиуми.
Италијанските медиуми пренесуваат дека португалската крстарица е опасен вид на медуза, која може да биде и смртоносна.