Смена на директорските места во ЈКП “Пазари” и ЈП за ПУП во Прилеп

Промена на директорските места во Јавното комунално претпријатие “Пазари” и Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање во Прилеп.

На местото на Кристијан Илиески кој беше в.д. директор во ЈКП “Пазари”, градоначалникот Илија Јованоски ја именуваше Весна Ќососка за нов в.д. директор.

Смена на раководната позиција има и во ЈП за ПУП, каде досегашниот в.д. директор Славчо Петрески не е одново реименуван, а на негово место е именувана Мери Цветаноски за нов вршител на должност.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.