Анастасија Петреска и Арсениј Ангелески се млади пијанисти од Прилеп кои фасцинираат со нивниот талент и музикалност.
Двајцата пијанисти се ученици во класата на Проф. Христина Никоска Тасеска од ОМУ “Одран Михајлоски-Оцка”- Прилеп и се едни од најнаградуваните во училиштето.
Во продолжение слушнете ја нивната заедничка изведба на валцерот oд балетот “Заспаната убавица” на Петар Илич Чајковски и Сергеј Рахманиноф.
Изведбата е од 20.12.2019 година кога двајцата млади пијанисти имаа заеднички концерт во фоајето на ЦК “Марко Цепенков”.
Уживајте!