Околу 10.000 работници во словенечки компании, трговија и услуги од денеска повторно започнуваат да работат, по еднонеделната забрана зпоради епидемијата.
Од поголемите компании, со призводство почнуваат „Горење Хисенсе“, производител на производи за домаќинства и „Адрија Мобил“.
Според владината одлукаа, ќе можат да работат и автомобилските сервиси, вулканизерите, поголеми градилишта, како и продавници за градежни материјали и уреди.
Стопанската комора предупреди вчера дека работодавачите се одговорни за безбедна работа и дека тие мора да ја организираат според упатствата на Националниот институт за јавно здравје, пренесува Хина.
Во Словенија има 1.212 заразени со коронавирус, 55 починале, а 152 се излечиле.