Словенија ја намали стpyjaта за 20%, во Италија и Шпанија не се плаќаше, а во Македонија со најмали плати, пocкапи за 7,4%

Бранимир Јовановиќ, кој беше советник за макроекономска политика во кабинетот на министерот за финансии, Драган Тевдоски, на Фејсбук направи споредба што презеле европските земји во време на пандемиja, а што Македонија

“Шпанија за времетраењето на кризава обезбеди гарантиран пристап до струја, вода и гас за сиромашните, дури и ако не плаќале сметки.

Италија ги суспендираше сметките за струја, гас, вода и ѓубре на 2 месеци.

Белгија им даде на домаќинствата до 100 евра за сметки за струја и 75 евра за сметки за гас.

Словенија ја намали цената на струјата за домаќинствата и малите фирми за 20%.

Кипар ја намали цената на струјата за 10% на 3 месеци.

Македонија ја зголемува цената на струјата за 7,4%, а има највисока сиромаштија и невработеност во Европа”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.