Се повеќе мајки се одлучуваат своите принови на свет да ги донесат во прилепската болница “Борка Талески”, а причина за тоа е стручноста и посветеноста на тимот во одделението за гинекологија и акушерство заедно со одделението за неонатологија. Од болницата денеска на социјалните мрежи објавија фотографии од 11 новороденчиња.
-Одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница – Прилеп денес е исполнето со радост и живот! Грижата за 11 новороденчиња е доказ дека нашето одделение работи со полна енергија и посветеност. Им посакуваме здравје, љубов и безгрижно детство – на нив и на нивните семејства, напишаа од прилепската болница на социјалните мрежи.