СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Горат улиците на Париз поради најавата за зголемување на цената на горивата!

Додека во Македонија, себепрокламираните „лидери“ на јавна сцена се бламираат за тоа кој требало да го земе микрофонот, а кој не, во главниот град на Франција се случуваат масовни протести поради зголемената акциза на горивата.

Демонстрантите се собираат на улиците на Париз, демонстрирајќи поради зголемената цена на горивата и новата акциза.

„Жолтите Елеци“, движење кое се појави во последните денови како реакција на најавата за зголемување на цените на горивата, се судрија со полицијата во Париз која пак со солзавци и водени топови се обидува да ги задуши протестите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.