Од средината на неделата која што ни претстои нашата територија ќе започне да потпаѓа под влијание на уште потопол Африкански бран кој по се ќе биде најсилен ова лето. Температурите на воздухот повторно ќе бележат тенденција на голем пораст и истите на повеќе места ќе се искачат над 35 степени, во централните и во југоисточните предели веќе од следниот викенд температурите на воздухот би можеле да бидат ЕКСТРЕМНО високи и се очекува да се искачат и до 42, 43 степени.
Времето пак ќе биде стабилно, суво и сончево без врнежи повремено со мала до умерена облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност и ќе изнесува 9 па така на граѓаните им препорачуваме да се заштитуваат и да пијат што повеќе течности.