Популарниот холивудски актер Џони Деп првпат се појави во јавноста по официјалниот развод со Амбер Хард, кој беше дефинитивно потпишан во јануари годинава.
За потсетување, тој и’ исплати на поранешната сопруга 7 милиони долари, кои актерката, како што истакна, ќе ги даде во добротворни цели.
Многумина се прашуваат дали станува збор за нова улога, стресниот развод кој траеше со месеци или за здравствен проблем, но актерот воопшто не изгледа добро. Многу е ослабен, кожата му виснала на лицето, така што нема ни трага од препознатливиот убавец.