Слава на Бога и Св. Василиј Острошки: По молитвите во Острог малиот Леон од Скопје прозборува и го победи аутизмот!

Православите христијани на 12 мај го празнуваа Светиот Василиј Острошки, голем чудотворец и заштитник на верните, кој со векови нè восхитува со својата милост и духовна сила. Илјадници луѓе од целиот свет доаѓаат во Острог, барајќи исцеление, утеха и надеж. Многумина сведочат за чуда: болни што оздравеле, безнадежни што нашле пат, изгубени што ја пронашле верата. Светецот живее преку своите чуда, носејќи светлина таму каде што има темнина и мир таму каде што има болка.

За едно такво чудо пишува и на ФБ страната “Православни Духовни поуки од Светите Старци”, а станува збор за малиот Леон Апостолоски од Скопје, кој имал тежок аутизам, воопшто не зборувал, не знаел кои му се ниту мајка, ниту татко, но со Божја сила и помош од Св. Василиј Острошки, по молитвите во Острог го победи аутизмот.

-Мајката на Леон, Амела: „Бог помогна! Фотографијата што ја објавивте е од мојот син, тој имаше тежок аутизам, не зборуваше, не знаеше ништо за себе, ниту пак знаеше кои му се мајка му и татко му. Кога сопругот и јас отидовме во Острог, пешачевме до кивотот на Свети Василиј. Тој ден, отец Василиј беше крај кивотот на Свети Василиј и го замолив со чисто срце да ја прочита молитвата. Ја носевме само неговата маица и таму купивме бројаница. Отец Василиј ја положи маицата и бројаницата врз моштите на Свети Василиј и праша за нашите имиња и името на нашиот син. Кога се вративме дома, тој спиеше и кога се разбуди, дојде кај мене и ги кажа своите први зборови: „Мамо, може ли да излезам надвор?“. Потоа рече уште една реченица и така до денес. Тој стана дете што го победи аутизмот! Слава на Свети Василиј од Острог, Чудотворецот.“




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.