Слабо географија: За американски конгресмен Балканот е Балтик, а Србија е Сибир (Видео)

Во претставничкиот дом на САД се одржа сослушување за Косово на кое специјалниот пратеник за Балканот Габриел Ескобар беше испрашуван од републиканскиот конгресмен Бил Хуизенга.

Во прашањето Хуизенга наместо за Србија зборуваше за Сибир, а наместо за Западен Балкан говореше за Западен Балтик.

Ова е еден од најеклатантните примери за тоа колку американските политичари не знаат за што зборуваат кога говорат на теми надвор од САД.

„Дали администрацијата на Бајден планира да продолжи да ги користи санкциите за решавање на мрежите на руското влијание во Сибир, како и низ тој западен балтички регион?”, прашува Хуизенга.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.