Скопјани утре ќе мapшиpaaт пpoтив вojната во Укpaинa

Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ со соопштение ги повикува „сите свесни луѓе да го изразат својот револт против војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина“ и да се приклучат на протестниот марш, кој ќе се одржи во Скопје на 6 март 2022 година (недела).

Собирoт ќе биде кај споменикот „Воинот на коњ“ на Плоштадот Македонија во 14.00 часот, велат од Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“.

Од здружението информираат дека хуманитарната помош за Украина ќе се собира секој ден во поставен шатор и на Плоштадот Македонија во Скопје.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.