Eден од најстарите домашни блуз бендови Crossroad Blues Band од Прилеп, на 7. декември со концерт во скопскиот клуб “Маракана”, ќе одбележи 25 години постоење.
Прилепскиот бенд досега има издадено три албуми, а во изминатите година дена настапува во подновен состав, заедно со бек вокалите Викторија Георгиоска и Александра Трајческа.
Бендот го сочинуваат уште фронтменот и гитарист Давид Нешкоски, Бранко Нешкоски гитара, Љупчо Шилоски бас гитара и Зоран Насески тапани.
На концертот кој е во организација на Cotton Blues Festival, ќе настапат и пријателите на прилепските блузери Сашо Гигов-Гиш, Гуру Харе и Петар Ренџов, а влезот ќе биде слободен.