СКАНДАЛ: Прилепскиот македонски репрезентативец Алиоски со соиграч „украл“ телевизор

uiegusdgjksadkjghasd

Одличните изданија во дресот на Лугано, но и настапите во дресот на Македонија, се причина што Езџан Алиоски, кој инаку е роден во Прилеп, го привлече вниманието на медиумите. Но изгледа дека популарниот Џани сака да биде на насловните страни и во периодот додека трае зимската пауза од шампионатот на Швајцарија.

Македонскиот репрезентативец заедно со неговиот колега Давиде Маријани биле незадоволни од големината на телевизорот во собата, поради што не можеле да играат „Плестејшн“. Па тие нашле решение за проблемот, но не многу паметно, без никој да забележи тие го украле најголемиот телевизор во фоајето. Тие се соочиле со проблем кога кражбата на телевизорот била пријавена.

Од управата на Лугано спровеле истрагам а на крајот телевизорот бил вратен откако било утврдено дека Алиоски и Маријани само го позајмиле во својата соба.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.