СКАНДАЛ НА НАТПРЕВАРОТ ПРОТИВ ГРЦИЈА: Неколку минути без бодовна табла, додека се менуваше кратеницата „МКД“ во „ФЈР“!

Преносот од натпреварот помеѓу Грција и Македонија на телевизија „Телма“, неколку минути беше без бодовна табла, додека траеше промената на кратеницата „МКД“ во „ФЈР“

Натпреварот од европските квалификации кој се одигрува попладнево во грчко Кожани, помеѓу Грција и Македонија неколку минути беше без бодовна табла поради промена на кратеницата од „МКД“ во „ФЈР“.

Пренос од натпреварот врши телевизија „Телма“, а не е јасно дали промената е направена од телевизијата или пак од ЕХФ.

Извор: “Инфомакс”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.