СКАНДАЛ: За лекарите и полицајците нема пари за заштита, но Владата со итна уредба пренамени пари за исплата на плати во СЈО!

 

На последната седница, Владата на Спасовски донела Уредба со законска сила со која се врши пренамена на буџетски средства за исплата на плати на истражителите од СЈО. Дали приоритет на Владата и во време на корона е  СЈО?

За потсетување, во моментов на терен имаме илјадници лекари и друг медицински персонал, полицајци и војници кои секојдневно се заразуваат поради лошата заштита која им ја не/обезбеди истата таа влада, а кога станува збор за пари, на номеклатурата од Илинденска бр.2 прво што и паѓа на ум е СЈО?!

Долговите, какви и да се се нечии долгови, но приоритетите се јасни, а со тоа и кој е и треба и мора да биде во овој момент во државата.

За жал, ваквата Уредба со законска сила веќе е објавена во Службен весник.

Веднаш следеа и реакции кај јавноста која смета дека во вакви услови, кога министерката за финансии изјавува дека во буџетот ќе и недостигаат 1,2 милијарди евра кои ќе треба да се земат како заем, оваа одлука е неумесна со оглед на тоа што СЈО не постои, главната обвинителка е во домашен притвор, а обвинителите, откако ги наполнија своите сметки со високите плати и астрономските бонуси, СДСМ ги згрижи во редовното обвинителство.

Извор: kurir.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.