Портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс вчера изјави дека била избркана од ресторан во државата Вирџинија, затоа што работи за претседателот на САД Доналд Трамп.
Сандерс на Твитер напиша дека сопственикот на ресторанот “Red Hen” во Лексингтон рекол дека мора “да си оди затоа што работи за Трамп”, а таа љубезно си заминала.
Според нејзините зборови, настанот од вчера повеќе говори за сопственикот на ресторанот отколку за неа.
“Секогаш се трудам кон луѓето, па и кон оние со кои не се согласувам, да пристапам со почитување и ќе продолжам да го правам тоа”, напиша Сара Сандерс на Твитер.
Last night I was told by the owner of Red Hen in Lexington, VA to leave because I work for @POTUS and I politely left. Her actions say far more about her than about me. I always do my best to treat people, including those I disagree with, respectfully and will continue to do so
— Sarah Sanders (@PressSec) June 23, 2018