СКАНДАЛ ВО БЕЛАТА КУЌА: Трамп по кавгата ја напуштил просторијата

tramp-donald-amerika-600x450

Трамп рекол “Доста е! ” и го напуштил Овалниот кабинет во Белата куќа, во кој разговорот бил сниман, а новинарот останал во просторијата.

Дикерсон на американскиот претседател упорно му го поставувал прашањето за тврдењето на Трамп дека Обама го прислушкувал во периодот пред изборите.

Трамп на интервјуто навел дека и понатаму верува во она што го напишал на Твитер на 4 март – дека Обама го прислушкувал во текот на целиот период пред претседателските избори.

За време на интервјуто, кога Дикерсон го прашал Трамп за тоа, тој рекол дека за такви работи треба да се дискутира, а кога новинарот го прашал за неговите тврдења во врска со т.н. лажни вести, американскиот претседател рекол дека не мора да му се поставува тоа прашање.

– Јас имам свое мислење, а вие ваше – рекол Трамп и излегол од просторијата, оставајќи го новинарот сам.

Трамп во повеќе наврати ја критикуваше администрацијата на Обама, и наведе дека “претходната администрација остави хаос”.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.