СКАНДАЛОЗНО: Увезените производи веќе не го содржат меѓународниот код „МК“, наместо тоа стои празно место!

Откако минатата недела Солза Грчева на својот ФБ профил објави фотографии од амбалажа од козметички производ, на кој во описот не стои кодот „МК“ кој треба да означува „Македонија“, во смисла на македонски јазик, производите увезени од Грција, поточно кроасаните „7 Дејс“ го следат примерот – пишува “Инфомакс”.

Иако ги има кодовите на сите останати јазици каде се извезува производот, ознаката „МК“ ја нема на производите. На социјалните мрежи веќе се појавија фотографии од револтирани потрошувачи кои повикуваат овие производи да се бојкотираат и да не се купуваат.

Претходно министерот за надворешни работи пред грчките стопанственици, вети дека Македонските производи повеќе нема да смеат да го користат името „Македонија“ на своите производи, наместо тоа „Производ од Северна Македонија“, „Произведено во Северна Македонија/Made in Republic of North Macedonia“.

Заев и Димитров уште еднаш излажаа дека договорот бил добар и наводно ги заштитувал македонските интереси. Тие се трудеа да ја изманипулираат јавноста и за тоа дека наводно биле зачувани меѓународните кодови „МК“ и „МКД“, што очигледно не е случај.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.