Голем број луѓе денеска заминаа на плажите во Калифорнија и покрај апелите на властите да избегнуваат такви излети и да продолжат да ги почитуваат мерките за социјално дистанцирање.
Сончањето не помага во лекувањето на Ковид-19, ниту пак ја спречува инфекцијата, соопшти германска агенција во петокот, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека вирусот може да се оневозможи на сонце.
„Се надевам дека луѓето уживаат во сонцето и ако тоа има какво било влијание, тоа е супер“, рече Трамп на прес конференцијата во петокот.
Илјадници луѓе во текот на викендот заминале на калифорниските плажи Њупорт и Хантингтон, а гувернерот Гавин Њусом се осврна на предизвиците со кои ќе се соочат многу жители на Калифорнија со доаѓањето на топлото време.
Тој на Твитер напиша:
“Калифорнија може да продолжи да ја исправа кривата само ако останеме дома и го почитуваме физичкото дистанцирање. Имате моќ буквално да спасите животи.”